Top Sport

Се вжештува борбата за опстанок – одземени бодови на Нотингем Форест

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест остана без четири бода поради кршење на финансиските правила.

По сагата со Евертон, сега и Нотингем Форест „падна“ на тестот со финансиските агенти кои ги чешлаа хартиите на овој клуб.

Конкретно, тие ги прекршија правилата за профитабилност и одржливост и како резултат на тоашто изгубија четири бода, ќе паднат на 18-то место на табелата што го испраќа Лутон над зоната за испаѓање.

Тие се во многу лоша форма со само една победа во последните пет дуели и со три порази за тоа време, па оваа казна нема да им користи ништо. Се очекува клубот да поднесе жалба, но прашање е колку ќе можат да ја сменат одлуката на прволигашката комисија.

Лутон со 22 поени е прв над „линијата“, а потоа следуваат Форест со 21, Барнли со 17 и жалениот Шефилд Јунајтед со 14.

Scroll to Top