Top Sport

Агаси: Немаше да можам да ги победам Федерер, Надал и Ѓоковиќ

Осумкратниот гренд слем шампион, Андре Агаси имаше интересен коментар околу разликата на тенисот кој сега го играат Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и тенисот од „неговото време“.

„Гледате ли како го удираат топчето од основната линија? Јас можев да играм на такво ниво 10 минути и потоа ќе си заминев. Никогаш немаше да ги победам Надал, Ѓоковиќ или Федерер, дури и да играв милион пати против нив. Мојата најдобра форма во минатото е послаба од нивната најслаба форма“, вели Агаси.

Американецот исто така признава дека понекогаш не го сакал тенисот.

„Има денови во кои го мразев целосно тенисот. Сега го гледам и следам што се случува и зборувам со среќа. Најголемата грешка како тенисер? Мислејќи дека целата среќа ќе дојде откако ќе бидам светски број 1“, вели Агаси, кој по неуспешната соработка со Новак Ѓоковиќ, сега работи со Григор Димитров.

Scroll to Top