Top Sport

Ванда Нара со уцена за Интер: Или вратете го Мауро како капитен, или нема да заигра за вас!

Сагата околу Мауро Икарди и одземањето на капитенската лента во Интер продолжува, а сега повторно (како и секогаш) во главна улога е сопругата и агентот на аргентинскиот напаѓач, Ванда Нара.

Според „Газета дело спорт“, Нара им порачала на Интер веднаш да му ја вратат капитенската позиција на нејзиниот сопруг или тој никогаш повеќе нема да заигра во дресот на клубот од Милано. Покрај тоа, таа наводно барала и јавно извинување за „страдањето“ кое го доживеал Икарди по потегот на Интер.

Аргентинецот, кој денеска полни 26 години, нема играно во двата меча по контроверзите, дуелите со Рапид Виена во Лига Европа и Сампдорија во Серија А. Според „Скај спорт Италија“, тој има воспаление на десното колено.

Фото: ЕПА

„Нема да го продадеме Икарди во Јувентус“

Scroll to Top