Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, поранешниот тениски ас, Андре Агаси порача дека му е драго што во неговата кариера немал прилика да одигра меч со Србинот.
„Никогаш немав прилика да одиграм меч со Новак и искрено, не ни сакам. Играв против Федерер и доста ми е“ – рече Агаси.
Легендарниот Американец на залезот на кариерата играше против Федерер, додека со останатите двајца од „големата тројка“ немаше шанса да се судри.