Андре Агаси секогаш отворено зборувал за неговиот долгогодишен брак со уште една тениска ѕвезда, Штефи Граф. Двајцата имаат две деца заедно и осумкратниот гренд слем шампион имаше интересен коментар за тоа кој е „шефот“ дома.
„Мојот најголем успех во животот е тоа што бев број 1 на светот и број 2 дома. Не е лесно да се направи такво достигнување“, вели Агаси при посета во Индија.
Тој исто така зборуваше зошто почнал воопшто со тенисот.
„Се случи да сум добар во спорто кој целосно го мразев. За разлика од многу луѓе кои играат тенис со страст од мали нозе, јас бев втурнат во спортот. Како најмлад син, моите браќа и сестри не беа најдобри во тенисот и јас немав избор. Го мразев, но бев на првото место. Тоа не беше избор. Мојот татко сметаше дека така најбргу ќе стигнеме до американскиот сон, како професионален спортист“, додава Агаси.