Американката Ајлинг Гу, освои злато за Кина во фристајл, во дисциплината„Биг Ар“, на Зимските игри во Пекинг.
Гу (18) од Сан Франциско ги шокира Американците кога реши да се натпреварува за Кина. Таа пред почетокот на третата серија беше трета, но со совршениот трет скока, освои 94,50 поени. На крајот со вкупно 188,25 поени го освои златниот медал.
На крајот таа за 0,75 поени победи пред главната фаворитка, Тес Лидо од Франција. Лидо водеше по првите два скока, но во третата серија беше само шестата и мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Бронзата и припадна на Матилда Гримо и покрај тоа што падна во третата серија и освои само 26 поени.