Докторот Хан Ридигер порачал дека Енди Мареј би требало да ја заврши кариерата. Тој истакнал дека британскиот тенисер, доколку продолжи да игра, би можел да се соочи со труење на крвта со кобалт.
Доктор Ридигер е специјалист на клиниката во Цирих. Тој само сакал да го предупреди Мареј на последиците бидејќи игра со вештачки колк.
„Да бидам искрен не верува дека по една таква операција е можно да му се вратите на спортот. Тоа е невозможно. Мари презеде голем ризик. Тој имаше операција на колкот со ткн. „Бирмингемска метода“. Во вградениот дел двете метални површини се тријат една со друга. Пред десет години оваа метода се користеше во Швајцарија и понекогаш имаше катастрофални последици“, рекол Ридигер.
Тој истакнал дека постои голем ризик при нагли движења и дека може да дојде дури и до труење на крвта, бидејќи во телото на тенисерот има метални делови.