Видео снимките од подготовките на Мајк Тајсон, уште една покажаа дека поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија е одлично подготвен за камбекот против уште една боксерска легенда, Рој Џонс Јуниор на 28 ноември.
53-годишниот Тајсон ќе влезе во рингот првпат по 15 години против 51-годишниот Рој Џонс Јуниор во меч во осум рунди во Калифорнија, и видеото кое го сподели неговиот тренер, ММА легендата Рафаел Кордеиро, покажува дека Џонс треба да биде исплашен.
„Не трепкај!“, напиша Кордеиро со снимката.
Тајсон неодамна најави дека нема да има милост.
„Ова го правам од мојата 13-та година. Сега сум стапка погоре со еволуцијата. Мојата цел е да одам со добри намери за мојот живот и да го онеспособм противникот“, изјави Тајсон.