Магнус Карлсен од Норвешка и Фабијан Каруана од САД, во петокот, ја започнаа борбата за светската титула во шах, а честа да го повлече првиот потег во корист на сонародникот, го имал познатиот актер, Вуди Харелсон. Иако повлекол само еден потег, Харелсон успеа да направи гаф кој тешко може да се објасни.
Почетокот на дуелот во Лондон, требало на симболичен начин да го означи Харелсон и да повлече потег со белите фигури, во корист на Каруана. Харелсон меѓутоа се обидел да направи шега, која предизвикала неверување кај присутните, а најмногу кај предизвикувачот Каруана.
Актерот, кој три пати е номиниран за наградата „Оскар“, најпрвин го соборил кралот на Каруана, а потоа повлекол потег со погрешен пешак. Ситуацијата сигурно не му се допаднала на Куарана, бидејќи падот ма кралот, со шаховски речник значи предавање на мечот.
Сепак, судиите реагирале и дозволиле Харелсон повторно да го одигра првиот потег. Актерот овој пат не погрешил, а потоа изјавил дека имал намера да се пошегува.
Првата партија помеѓу бранителот на титулата Карлсен и предизвикувачот Куарана, по седум часа, завршила со реми. Борбата за шаховската круна во Лондон ќе трае до 28.ноември, предвидени е да се одиграат 12 партии, а шампион ќе биде играчот кој прв ќе освои 6,5 поени.
#WoodyHarrelson entrega el rey en la primera partida de la final del Mundial de #ajedrez #Chess #worldchesschampionship pic.twitter.com/1x0e2i0ZL9
— Reuters Latam (@ReutersLatam) November 10, 2018