Top Sport

Алафилип со победа на првата хаотична етапа на Тур де Франс

Светскиот шампион, Французинот Жулиен Алафилип е победник на првата етапа на Тур де Франс, 197.8 километри долгиот пат од Брест до Ландерно, откако во финишот на трката имаше два големи пада.

Алафилип имаше фантастичен финиш на тркатам, оставајќи ја зад себе групата во која беа актуелниот шампион, Словенецот Тадеј Погачар и лидерот на Инеос, Герант Томас, кои се опоравуваа од двата тешки пада во последните 45 километри.

Етапата за малку ќе имаше драматичен крај откако една гледачка со табла го блокираше патот на Тони Мартин (Џамбо-Висма) предизвикувајќи вистински хаос на патеката. Само десетина велосипедисти избегнаа да бидат вклучени во падот, но потоа трката се рестартираше со раскрвареиот Мартин.

Вториот пад беше уште полош, кога четирикратниот шампион Крис Фрум и третопласираниот од минатата трка, Ричи Порти имаа тешки падови пред последното искачување до Кот де ла Фос.

Scroll to Top