Конор Мекгрегор повторно доби понуда за меч за титула, овојпат од УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер „Велики“ Волкановски.
Ирската ММА ѕвезда чека следен противник по кам-бекот во октагонот на почетокот на годината, и 31-годишниот Волкановски го повика на меч на „Островот на борбите“, кој го гради УФЦ газдата, Дејна Вајт.
„Кој не би сакал таков меч? Би бил вистинска будала да не прифатам меч со Мекгрегор. Неговото име повторно се споменува и во перо категорија и во тоа кој е најдобар на сите вемиња. За мене, тоа би бил меч за повеќе од пари. Повеќе од таа победа од неговото име за најдобар фајтер во перо категорија во историјата“, вели Волкановски.
Покрај Волкановски, претходно на дуел „Ноториус“ беше повикан од ветеранот Андерсон Силва и од шампионот Камару Усман, а исто така му е „ветено“ дека ќе влезе во борба со победникот од дуелот помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гетџи.
Волкановски вели дека би одел и категорија погоре, во лесна категорија, за оваа шанса.
„Ако треба да одам напред само да покажам дека тој не е најдобриот во перо категорија, ќе го направам и тоа“, додава Волкановски.