Top Sport


Александар Волкановски се враќа во октагонот

Поранешниот шампион на УФЦ Александар Волкановски наскоро би можел да се врати во натпреварувачки ритам.

Волкановски има јасна визија кога повторно сака да зачекори во октагонот. По тешкиот крај на 2023 година, ни 2024 година не беше ништо подобра за поранешниот шампион на УФЦ во перо категорија.

Прво доживеа тежок нокаут со „маваши“ удар на Ислам Махачев, а потоа, исто така со нокаут, го загуби појасот во својата класа во борбата против Илја Топурија.

Сега, откако конечно зеде подолг одмор Волкановски чувствува дека е подготвен да се врати. Зборувајќи за „Скај Спортс Нов Зеланд“, откри дека негова цел е оваа сезона да се врати, иако сè уште не се јасни плановите на УФЦ.

„Како што кажав, се уште ништо не е целосно договорено“, рече Волкановски. „Зборував дека ќе бидам подготвен за март или април. Тие сè уште немаат точен датум, но би рекол дека враќањето за неколку месеци е реална опција. Април звучи како добра можност, но никогаш не се знае“ .

Неговиот последен настап беше во февруари 2024 година, кога го загуби појасот од Топурија, што беше негов втор последователен пораз со нокаут.

Многумина ја поздравија неговата одлука да направи пауза за да се опорави физички и психички од серијата тешки порази, но се чини дека Волкановски наскоро повторно би можел да биде опасен противник.

Scroll to Top