Top Sport

Алкараз го „демолираше“ Медведев за големо финале против Ѓоковиќ

Карлос Алкараз ќе оди на своја втора гренд слем титула, откако во полуфиналето на Вимблдон со 6:3/6:3/6:3 за помалку од два часа го декласираше светскиот рекет број 3, Русинот Данил Медведев.

Награда за фантастичниот 20-годишен Шпанец ќе биде големо финале против Новак Ѓоковиќ, кој претходно го совлада Јаник Синер во бурни три сета, каде што Шпанецот ќе се обиде да се одмазди за тешкиот пораз во полуфиналето на Ролан Гарос.

Во првиот сет, Алкараз направи еден клучен брејк на 5:3, за во вториот со два брејка да го угуши отпорот на Русинот, по што и во третиот сет стигна рано до 2:0 водство. Медведев, конечно, покажа знаци на живот за да врати брејк за 3:2, за потоа двајцата тенисери повторно да загубат по еден брејк, пред Алкараз да го комплетира триумфот.

Scroll to Top