Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 2:1 во сетови и го освои трофејот на АТП турнирот во Ротердам.
Алкараз, моментно третопласиран во светот, победи по еден час и 55 минути игра, во сетови 6:4, 3:6, 6:2. Де Минор благодарение на пласманот во финалето, од утре ќе напредува две позиции на АТП листата и ќе биде шести играч во светот.
Алкарас добро влезе во првиот сет и доби брејк топка во третиот гем, а потоа го потврди брејкот (3:1). Предноста ја одржуваше до осмиот гем, во кој Де Минор успеа да го врати брејкот.
Сепак, во деветтиот гем Алкараз направи рибрејк, а потоа го освои првиот сет со 6:4.
Австралиецот подобро влезе во вториот сет и веднаш направи брејк во вториот гем. Предноста ја одржа до самиот крај на сетот и со 6:3 изедначи на 1:1 во сетови.
Следуваше трет решавачки сет, каде Алкараз направи брејк во шестиот гем. Потоа го потврди, потоа на сервис на Де Минор дојде до победата и титулата во Ротердам.