Карлос Алкараз е незапирлив. Младиот шпански тенисер уште еднаш покажа дека е најновата тениска ѕвезда и вистински наследник на неговиот сонародник Рафа Надал, откако во финалето во Мадрид со 6:3/6:1 го збриша Германецот Александер Зверев за свој втор Мастерс 1000 трофеј во кариерата и комплетирање на совршената недела за 19-годишниот талент.
Алкараз претходно стана првиот тенисер во историјата кој успеал да ги победи Надал и Новак Ѓоковиќ на ист турнир на земја, елиминирајќи го освојувачот на 21. гренд слем титула Надал во четврт-финалето и светскиот број 1 во полуфиналето во „Каха Магика“.
Во финалето, тој не му даде шанса на Зверев, комплетирајќи ја победата за нешто повеќе од еден час игра за четврт трофеј во кариерата – првата ја освои на Рио опен во Бразил во февруари, по што триумфираше на Мастерсот во Мајами на хардкорт подлога, пред да стигне до двојна шпанска титула – победи на Барселона опен и во Мадрид.