Карлос Алкараз (не)очекувано лесно го победи Данил Медведев и се пласираше во полуфиналето на Завршниот мастерс. Ова значи дека последниот меч во Црвената група меѓу Александар Зверев и Андреј Рубљев, вечерва од 20.30 часот, ќе има ревијален карактер.
Вториот тенисер во светот по 79 минути игра во меч кој за него беше „да се биде или не“го совлада Русинот Данило Медведев со 6:4, 6:4. По еден брејк направи Алкараз, во осмиот гем во првиот и во деветтиот гем во вториот сет и тоа му беше доволено за максимален триумф и освојување на првото место во групата.
Алкараз ја забележа трета победа во петтиот меч против Медведев, и воедно му се реванѓираше за поразот во полуфиналето на Ју-ес опен.
Полуфиналните мечеви треба да бидат спектакуларни ќе играат Алкараз против Ѓоковиќ и Јаник Синер против Медведев.