Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз смета дека има шанса да освои барем еден Вимблдон во кариерата.
Најпрестижниот тениски турнир на тревната подлога е зад аголот, а Алкараз верува дека барем еднаш во кариерата ќе го освои ова натпреварување.
„Се обидувам да учам од најдобрите и ми е сѐ поудобно. Не верував дека ќе ми биде така пријатно да играм и на трева. Мислам дека ќе освојам барем еден Вимблдон“, изјави Карлос Алкараз кој учествува на турнирот во Квинс.