Top Sport

Алкараз на удар поради мачење животни: Карлос, што е забавно во тоа?

По неуспешната одбрана на титулата во Њујорк, каде беше елиминиран од Данил Медведев во полуфиналето на Ју-ес опен, а на тронот и првото место дојде Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз се врати во родната Шпанија.

Таму се обиде да се одмори и да се опушти за финишот на сезоната, носе соочи со тешки критики.

Имено, Алкараз ја посетил коридата во Мурсија, каде се одржуваат борби со бикови.

Во еден момент тој беше фотографиран како воодушевен го гледа шоуто на матадорот што предизвика негодување од организацијата за заштита на животните ПЕТА.

„Карлос, борењето со бикови е тортура, а не култура. Нема ништо смешно во прободувањето и мачењето животни, а повеќето млади луѓе во Шпанија не гледаат на борбите со бикови како на крвав спорт. Ве молиме, не поддржувајте повеќе борби со бикови и ве повикуваме никогаш повеќе да не одите на овие борби“, се вели во соопштението на организацијата ПЕТА, која претходните денови беше „информирана“ дека Карлос Алкараз е главна фигура на трибините и сигурно многу луѓето дојдоа да го видат и него..

Борбите со бикови се најпопуларни во Шпанија, а во последните години се повеќе се мета на јавноста, особено на активистите за правата на животните.

Scroll to Top