Top Sport

Алкараз не ги исполнува условите за настап на ОИ

Отсутвото на Карлос Алкараз скапо ја чинеше шпанската репрезентација, која доживеа елиминација од Дејвис купот во Валенсија, но последиците за младиот Шпанец можат да бидат многу поголеми. Постои ризик Алкараз да не добие зелено светло за учество на Олимписките игри следната година во Париз.

Според сегашните правила, услов за настап на ОИ е тенисерот во четиригодишниот олимписки циклус да одигра најмалку два меча од Дејвис купот, од кои еден во последните две години.

Алкараз играше минатата сезона, но не и оваа сезона, а кога се знае дека Шпанија најверојатно ќе биде домаќин на следното издание на битката за трофејот може да се очекува повторно да добие вајлд-карта за групната фаза, но тие натпревари ќе се играат по ОИ.

Дејвис купот според актуелниот договор следната година повторно ќе се игра во Валенсија и Малага, иако тоа може да се промени, особено ако на изборите за Генералното собрание на ИТФ победи Германецот Дитлоф фон Арним. Тој веќе најави промена на форматот доколку го добие мандатот. Собранието е следниот викенд во Канкун.

Со други зборови, доколку Шпанија добие специјална покана, нема да учествува на квалификациските натпревари закажани за февруари и Алкараз нема да го исполни условот. И доколку несе случи ова постои голем проблем, бидејќи тие натпревари се во неделата по Австралија опен, а тоа е терминот кој најмалку им одговара на најголемите асови.

Секако, во тој случај Алкараз би имал право да бара изземање од ова правило, како што најверојатно ќе бара и Рафаел Надал.

Сепак, прашање е дали ги исполнува условите, односно дали во текот на кариерата особено се истакнал во Дејвис купот или Олимписките игри. Со оглед на тоа што има само 20 години, тој никогаш не беше дел од шпанскиот тим кој победил во Дејвис купот, ниту пак учествувал на Игрите.

Надал сигурно ќе добие дозвола да настапи на ОИ во Париз бидејќи има два олимписки златни медали и пет трофеи во Дејвис купот.

Поради овоие достигнувања на Надал, Алкараз има малку аргументи да побара дозвола да настапи на ОИ.

Scroll to Top