Top Sport

Алкараз победи во Квинс Клаб и се врати на првото место пред Вимблдон

Шпанскиот ас Карлос Алкараз прати вистинска порака пред стартот на Вимблдон, победувајќи го Австралиецот Алекс де Минаур со 6:4/6:4 за титулата од Квинс Клаб и враќање на првото место на АТП листата од понеделник.

Фантастичниот Алкараз веќе има пет титули во 2023 година со скор од 40 победи и 4 порази, а исто така првпат освојува титула на тревната подлога (во само трет обид), со што е петтиот најмлад тенисер во историјата кој освоил титула на сите подлоги. На патот до финалето, 20-годишниот Шпанец започна тешко, со загубен сет и пред пораз во првото коло, по што бргу се адаптираше на играта на трева и сега станува еден од фаворитите за Вимблдон, и главен конкурент на Новак Ѓоковиќ.

Де Минаур имаше две брејк шанси во осмиот гем од првиот сет по неколку фантастични удари, но Алкараз остана во игра и во следниот гем направи брејк за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет, Алкараз направи брејк во петтиот гем, за голема победа.

Scroll to Top