Top Sport

Алкараз „преживеа“ во Мадрид, порази за Рибакина и Азаренка

Карлос Алкараз добро се намачи, но се врати за 2:6/6:4/6:2 победа над Емил Русувуори на Мадрид опен, останувајќи во игра за титулата.

Русувуори одигра фантастичен прв сет против првиот носител во шпанската престолнина, фрустрирајќи го Шпанецот со сервис и со силните удари, но по добриот старт на вториот сет, Финецот не ги искористи своите шанси, и Алкараз го освои вториот сет со 6:4, по што доминираше во третиот сет, за да го заврши мечот со 36 директни победнички топки и 10 неизнудени грешки. Следен за Шпанецот е бугарскиот ветеран Григор Димитров, кој претходно со 7:6(6)/7:6(2) беше подобар од Французинот Грегоар Барер.

На женскиот турнир во Мадрид, поранешните гренд слем шампионки нема толку среќа. Русинката Ана Калинскаја со 7:5/4:6/6:2 беше подобра од шампионката од Вимблдон, Елена Рибакина, додека 22-годишната Американка, Алиша Паркс со 6:2/7:6(5) ја елиминираше поранешната светска тенисерка број 1, Викторија Азаренка.

Scroll to Top