Top Sport

Алкараз рутински до четврт-финалето на Флешинг Медоуз

Актуелниот шампион од САД опен, Шпанецот Карлос Алкараз не се намачи против светскиот број 61., Италијанецот Матео Арналди победувајќи го со 6:3/6:3/6:4 во забавен меч кој траеше два часа за пласман во четврт-финалето, трета година во низа.

На моменти, Алкараз покажуваше дел од својата најдобра игра, а исто така мора да се посочи и одличната игра на Арналди, кој се обиде да ја забавува публиката.

Алкараз направи брејк во шестиот гем за 4:2, по што рутински го освои за само 32 минути, за потоа и во вториот сет да поведе со 2:0, за со уште еден брејк да направи предност од 2-0 во сетови. Арналди, конечно, стигна до брејк за 2:1 водство во третиот сет, но веднаш потоа загуби гем на свој сервис, за во осмиот гем Шпанецот да направи брејк за рутинска победа.

Следен противник за Алкараз ќе биде подобриот од мечот помеѓу Германецот Александер Зверев и Италијанецот Јаник Синер.

Scroll to Top