Карлос Алкараз десет дена порани пристигна во Торнио каде ќе се игра завршниот Мастерс во сзоната. Шпанецот, сензационално го заврши настапот на Мастерсот во Париз. Во првото појавување на теренот, во второто коло во два сета загуби од Роман Сафјулин.
„Би сакал да го соборам рекордот по бројот на недели минати на првото место на АТП листата 1“, изјави тој во интервју за италијански весник. Апсолутен рекордер е Новак Ѓоковиќ, кој вокариерата 397 недели бил број 1 и веројатно ќе ја надмине магичната граница од 400 недели како светски број 1.
Тој вели дека тоа е можно.
„Се може да се надмине. Во спортот нема невозможни работи. Порано или подоцна ќе дојде некој кој ќе ги собори рекордите. Ѓоковиќ, Надал и Федерер многу го променија тенисот, нивното постоење како пример е позитивно за сите. Најтешко ќе биде да се сруши рекордот на Надал од 14 титули на Ролан Гарос“.
Не крие колку е воодушевен од Новак.
„Би сакал да можам да играм на 36 години, да бидам физички поподготвен од тенисерите кои имаат 24 или 25 години. Новак е навистина неверојатен“.
Шпанецот има 20 години и има освоено два Грен слемови:
„Сега сум на 70-75 проценти од мојот потенцијал. Допрва ќе напредувам“.
На прашањето што би сакал во Торино, титулата на Мастерсот или крајот на годината како број 1, тој вели:
„Ако треба да изберам, тогаш би сакал да го освојам завршниот Мастерс, но би ги претпочитал и двете, бидејќи тие два успеси одат рака под рака. Ако имам добар резултат во Торино, имам шанса да се вратам на врвот на АТП листата“.