Светскиот рекет број 1, Шпанецот Карлос Алкараз вели дека би било фантастично да има финале против седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, иако признава дека играта на трева не е негова најсилна страна.
Двајцата е судрија пред еден месец во полуфиналето на Ролан Гарос, каде што Србинот во четири сета беше подобар, за потоа да ја освои својата 23. гренд слем титула со победа над Каспер Руд во финалето. Алкараз признава дека не е лесно да се бориш со легенда како Ѓоковиќ на гренд слем турнир.
„Секако дека постои притисок, но тој притисок е тука за сите, не само за мене. Но, тоа не ми пречи, навистина сакам да се видам со него во финалето. Тоа е најтешката задача која можеш да си ја поставиш. Кога го гледаш, си помислуваш дека тоа е најлесната работа на светот. Се движи одлично, удира силно и знае што сака да игра. Тешко е да најдеш слабост во неговата игра. Очигледно, тој е тука првиот фаворит“, вели Алкараз.