Top Sport

Алкараз во застрашувачка форма – му дозволи на Зверев само три гема!

Актуелниот шампион, Карлос Алкараз покажа дека е во фантастична форма пред Ролан Гарос, откако во реприза на минатогодишното финале на Мастерсот во Мадрид го збриша Германецот Александер Зверев со 6:1/6:2 за пласман во четврт-финалето.

Зверев, кој се обидува да се врати во форма по долгата пауза поради повредата на скочниот зглоб од минатото лето, овојпат не можеше да направи ништо против супериорниот Шпанец на „Каха магика“. Алкараз, кој ќе наполни 20 години в петок, оди на втора титула во низа по триумфот во Барселона.

„За мене е неверојатно што можам да играм на ниво како денеска. Не бев сигурен дека е возможно, и резултатот за мене е нереален. Имам многу самодоверба оваа пролет“, вели Алкараз.

Денот беше одбележан и со две изненадувања во руските пресметки – Данил Медведев загуби со 7:6(1)/6:4 од Аслан Карацев, додека Андреј Рубљев загуби со 7:6(8)/6:4 од својот добар пријател и партнер за игра во двојки, Карен Хачанов.

Scroll to Top