Тенисерот број еден во светот Карлос Алкараз мораше да се огласи на Инстаграм поради измама на социјалните мрежи.
Шпанецот има армија обожаватели, а бројот на следбеници на Инстаграм достигна речиси четири милиони.
Поединци се обидоа да ја искористат популарноста на Алкараз и договарале наводни состаноци и запознавање со шампионот на Вимблдон.
Сакале да заработат од неговиот успех, претставувајќи се како Карлос, поради што 20-годишникот мораше да реагира.
„Ми беше објаснето дека има поединци кои лажно се претставуваат и им нудат на навивачите можност да се сретнат со мене ако платат. Јас и мојот тим не стоиме зад ова, ниту учествувам на такви состаноци. Моите навивачи се најдобрите и тажен сум што поединци се обидуваат да ги искористат“, напиша Алкараз.
Популарниот Карлитос е на турнирот во Торонто.