Top Sport

Алкараз вовлечен во голема измама: Се извинувам

Тенисерот број еден во светот Карлос Алкараз мораше да се огласи на Инстаграм поради измама на социјалните мрежи.

Шпанецот има армија обожаватели, а бројот на следбеници на Инстаграм достигна речиси четири милиони.

Поединци се обидоа да ја искористат популарноста на Алкараз и договарале наводни  состаноци и запознавање со шампионот на Вимблдон.

Сакале да заработат од неговиот успех, претставувајќи се како Карлос, поради што 20-годишникот мораше да реагира.

„Ми беше објаснето дека има поединци кои лажно се претставуваат и им нудат на навивачите можност да се сретнат со мене ако платат. Јас и мојот тим не стоиме зад ова, ниту учествувам на такви состаноци. Моите навивачи се најдобрите и тажен сум што поединци се обидуваат да ги искористат“, напиша Алкараз.

Популарниот Карлитос е на турнирот во Торонто.

Scroll to Top