Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.
Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.
Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, понеизвесни 6:4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.
Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.
