Top Sport

Алпската „кралица“ Вон со својата 78. победа во кариерата (видео)

Линдзи Вон уште не завршила! По проблематичниот старт на сезоната и само една недела откако финишираше со болки во грбот во Сент Мориц, Американката стигна до 78. победа во кариерата во супер-џи трката во Вал Д’Изер, да покаже дека е во добра позиција пред Олимпијадата во Пјеонгчанг.

Вон постави време од 1:04.86 за да ја победи Италијанката Софија Гоџија за 0.32 секунди, додека изненадувачкиот подиум го комплетираше Норвежанката Рагнхилд Мовинкел со време од 1:05.25.

Со триумфот Вон се доближи на само осум победи од апсолутниот рекордер, шведскиот скијачки великан Ингемар Стенмарк, кој во исклучителната кариера стигна до 86 победи.

Победата исто така ги „замолчува“ и критичарите во САД кои посакуваа скијачката да се повреди откако таа изјави дека во Пјеонгчанг нема да скија за американскиот претседател Доналд Трамп.

Флури со деби победа, Вон повторно се повреди (видео)

Вон: Луѓето ми порачуваат да си го скршам вратот

Scroll to Top