Top Sport

Алварез го нокаутира Ковалев (Видео)

Колумбиецот Елвејдер Алварез е нов шампион во полу тешка категорија, во верзијата на ВБО. Алварез го шокираше боксерскиот свет со победата над Русинот Сергеј Ковалев.

Алварез кој пред борбата беше тотален аутсајдер успеа да го нокаутира големиот фаворит Ковалев, во седмата рунда.

Колумбиецот со десно кроше го испрати на подот Ковалев, кој потоа тргна во отврена борба и уште два пати се најде на подот.

Со оваа победа Алварез сега во кариерата има скор 24 победи, додека рускиот боксер го доживеа третиот пораз. Претходните два му беа од Андреа Ворд.

Scroll to Top