Top Sport

Американец со ѕидот на Трамп на шорцот беше „здробен“ од Мексиканец (видео)

Обидот за политички гест на американскиот боксер во супер-перо категорија, Род Салка апсолутно не успеа, откако Мексиканецот Фернандо Варгас го победи со технички нокаут.

35-годишниот Салка како да сакаше да го налути противникот, откако реши да влезе во рингот со боксерски шорцеви со ѕидот кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го гради меѓу САД и Мексико и со порака „Америка на прво место“.

Поранешниот ВБЦ шампион во перо категорија, „Ел Бандидо“ Варгас го уништи во текот на мечот, пред од аголот на Салка да решат дека е доста и да не му дозволат да излезе на стартот на седмата рунда.

Scroll to Top