Top Sport

Вардар ќе има шанси да му се одмазди на Загреб за 2013

ППД Загреб во интересна завршница успеа да го совлада Целје со 29:28 во СЦ „Јане Сандански“ за да се пласира во финалето на СЕХА лигата, каде што ќе се судри со актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Вардар.

Ова ќе биде совршена шанса за македонскиот и европски шампион да се одмазди за драматичниот тесен пораз од 25:24 по продолжение од финалето од 2013 година, кое исто така се играше во Скопје.

Загреб почна многу подобро во мечот за да поведе со 4:1, и предноста од три-четири гола да ја одржува во текот на целото прво полувреме. На 10 минути пред крајот на полувремето беше 9:6, меѓутоа словенечкиот тим се врати на 11:10, пред Загреб да има нова добра серија и на одмор да замине со 14:11.

И во второто полувреме, загрепчани имаа повеќе од играта и водеа со 21:18 на 15 минути пред крајот, пред Целје да се врати и да намали на само еден гол разлика (28:27) на две минути пред крајот на натпреварот, пред Домагој Павловиќ да ги врати на два гола разлика. Јуречиќ во финишот успеа само да намали на 29:28.

Павловиќ беше најефикасен во тимот на Загреб со седум голови, додека пет уфрли Златко Хорват, додека кај Целје најдобар беше Борут Мачковшек со шест гола.џ

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top