Top Sport

Американката Џесика Пегула победи во финалето на ВТА турнирот во Сеул

Американската тенисерка Џесика Пегула победи во финалето на ВТА турнирот во Сеул.

Во мечот за титулата, првата носителка ја победи ривалката од Кина, Јуе Јуан со 6:2 и 6:3.

Мечот траеше 1 час и 24 минути.

За 29-годишната Пегула ова е четврти ВТА трофеј во кариерата.

Наградниот фонд на турнирот во Јужна Кореја изнесуваше 260 илјади долари.

Scroll to Top