Top Sport

Сем Грот, сопственикот на најбрзиот сервис, во пензија

Австралискиот тениски ветеран, Сем Грот ќе се повлече од професионалниот тенис по Австралискиот опен во јануари.

По 13 години на АТП турнејата и многубројни настапи за Австралија во Дејвис купот и на Олимпијадата, Грот ја доби медалот „Џон Њукомб“, и сега вели дека заморниот живот на тениски професионалец и постојаната битка за мотивација биле одлучувачки фактори.

„За ова размислував од Вимблдон. Играв со Џон Иснер на централниот терен во Њупорт и еден дел од мене навистина не сакаше да биде таму. Знаев дека е време за промена“, вели Грот.

30-годишниот Австралиец си заминува од спортот без АТП трофеј, но со сè уште актуелниот светски рекорд по брзина на сервис. На АТП челенџ турнирот во Бусан, Кина, Грот сервираше со неверојатни 263 км/ч.

Scroll to Top