Top Sport

Американската анти-допинг агенција ги повлече обвинувањата за Колмен

Американската анти-допинг агенција (УСАДА) ги повлече обвинувањата кон спринтерот Кристијан Колмен поради наводни три пропуштени допинг-теста, со што тој ќе може да настапи на Светското првенство во Доха, Катар.

УСАДА прво го обвини Колмен дека трипати не ги информирал властите за неговата локација во последните 12 месеци, за што можеше да добие двегодишна суспензија откако случајот требаше да оди на арбитража во среда. УСАДА објави дека ги повлекува обвинувањата по советување со Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

23-годишниот Колмен, најбрзиот човек на 100 метри оваа година и освојувач на сребро од СП во 2017 година, е сметан како наследникот на Јусеин Болт и сега е фаворит за златото во спринтерските трки на Мундијалот.

Scroll to Top