Top Sport

Американски боксер убиен пред сопругата и трите деца

Американскиот боксер, Дени Кели јуниор, бил убиен во Мериленд, пред сопругата и трите деца, додека седел во својот автомобил.

Во боксерот било пукано од друго возило. Кели јуниор, со брз интервенција, бил префрлен во најблиската болница, каде им подлегнал на повредите.

Полицијата излезе со соопштение дека убиството се случило поради недоразбирања во сообраќајот околу тоа кој имал предност. Полицијата на Мериленд понуди награда од 25.000 долари за информации, кои ќе и помогнат да го откријат убијците.

Кели во тешка категорија имал 14 борби, забележал 10 победи. Последната борба ја имал пред две години, кога со нокаут го победи Ник Кишнер.

Scroll to Top