По силно снежно невреме се одигра натпреварот во американската НФЛ лига помеѓу Бафало Билс и Индијанаполис Колтс.
Воочи натпреварот Бафало побара од навивачите да дојдат на стадионот со лопати за да го расистат снегот. Но во текот на натпреварот временските услови се влошија, а снежните врнежи се засилија.
Сепак и покрај екстремните временски услови домашните фанови задоволни го напуштија стадионот бидејќи Бафало го совлада Индијанаполис со 13:7.