Стефан Козлов, американски тенисер роден ред 24 години во Скопје, имаше филмски ден на турнирот во Акапулко.
Некогаш вториот најдобра јуниор во светот, не успеа да избори место на главниот турнир. Козлов испадна во последното коло во квалификациите.
Решил да се опушти на плажа, па да го одработи закажаниот тренинг со Рафаел Надал.
Додека траел тренингот, при резултат 3:3 пукнала жица на рекотот на Надал. Паузата Козлов решил да ја искористи за да погледне во својот телефон. Ја видел пораката дека ќе игра на турнирот бидејќи настапот го откажал Американецот, Максим Креси.
Противник во првото коло во беше Бугаринот Григор Димитров.
Против фаворитот Козлов играше сјајно. Првиот сет го доби во тај-брејкот со 10:8, потоа во вториот при резултат 3:3 успеа да направи брејк. Кога го освои поенот за предност од 5:3 во гемови, поради силни грчеви во нозете падна на земја. Доби медицинска помош, но не успеа да го заврши сетот, Димитров успеа да израмни на 1:1.
На почетокот на решавачкиот сет, Кзолов спаси шест брејк топки, успеа да ја врати енергија, направи брејк во шестиот гем и потоа со 6:3 го заврши мечот.
Дуелот траеше три часа и 21 минута, најдолго во историјата на турнирот во Акапулко.
На крајот Козлов заврши со пораката: „Рафа извини што морав денес да го прекинам тренингот“.
Stefan Kozlov, entró como lucky loser, estaba a un game de conseguir la victoria más importante de su carrera y se le contracturan las dos piernas producto de un partido sumamente intenso, aún así terminará el partido, qué huevotes.
pic.twitter.com/KHFuxnNJt5— ????? ????????? (@Riverettii) February 22, 2022
Kozlov was practicing with Nadal when he got the call to enter Acapulco’s’ main draw as lucky loser. pic.twitter.com/RH6ydhCXsx
— José Morgado (@josemorgado) February 22, 2022