ММА борбите се повеќе ги привлекуваат и оние што никогаш не стапнале во рингот. Некои и по 30 година од животот се решаваат да започнат кариери во октагонот. Таков е примерот со еден од најпознатите луѓе во бодибилдингот, Американецот Мартин Форд.
Тетовираниот колос, висок 204 сантиметри и со мускулна маса од 140 килограми, потпишал договор со полската ММА организација КСВ. Според договорот тој ќе дебитира наредната година.
„Ноќен кошмар“ е прекарот што го избрал Форд и со кој ќе им претстави на фановите на ММА.
„Секако дека ќе има и критичари, но јас на сите тие луѓе сакам да им покажам дека грешат“, порачал 33-годишникот кој во во минатото се занимавал со крикет и сонувал да стане професионален играч.
Благодарение на својот изглед, Форд, во изминатите три години добил улоги во 14 филмови и серии.