Американскиот тенис го слави најголемиот успех во последните 22 години. Тејлор Фриц и Џесика Пегула ќе се борат за титулите на машкиот и ѓенскиот дел од турнирот на Ју-ес опен.
Пред 22 години Американец и Американка влего во борба за трофеите на последниот Грен слем во сезоната.
Тогаш, во машкото финале Пит Сампрас го победи Андре Агаси со 3-1 во сетови (6:3, 6:4, 5:7, 6:4), додека во женската конкуренција Серена Вилијамс ја совлада својата сестра Венус со 2-0 (6:4, 6:3).
Да потсетиме, Фриц за трофејот ќе се бори со Јаник Синер, а Пегула со Арина Сабаленка.
Американскиот тенисер ќе може да стане и првиот Американец со Грен слем титула по Енди Родик во 2003 година.