Top Sport

Американските штафети 4×400 метри доминантни во Доха

САД доминира на натпреварите од последниот ден на Светското првенство во Доха. Очекувано со златни медали се закитија машката и женската штафета на 4×400 метри.

Дамите во состав Филис Френсис, Сидни Меклолхлин, Далија Мухамад и Ваделин Џонатас со време 3:18.92 минути го освоија златниот медал. Голем успех забележаа штафетата на Полска која со национален рекорд (3:21.89) го освои второто место. Бронзата заврши кај репрезентативките на велика Британија.

Машката штафета на САД во состав Фред Керли, Мајкл Чери, Вилберт Лондон, Раи Бенџамин победија пред Јамајка и Белгија со време 2:56,69 минути.

Американките доминираа и на трката на 100 метри со пречки. Првото место го освои најдобрата оваа сезона Ниа Али (12.34 секунди), а нејзината сонародничка и светска рекордерка Кендра Вилијамс го освои среброто (12.46). Третото место и припадна на Даниел Вилијамс од Јамајка.

Најголемото изненадување на последниот натпреварувачки ден го направи Андерсон Питерс од Гренада кој го освои златниот медал во фрлање копје. Питерс копјето го фрли на далечина од 86.89 метри што му беше доволно да ги победи Магнус Кирт од Естонија и актуелниот првак Јоханес Фетер од Германија.

Најголемата фаворитка во скок во далечина Германката Малајка Миамбо победи во оваа дисциплина. Таа забележа скока од 7,30 метри. Марина Романчук од Украина го освои среброто (6,92), а бронзата и припадна на Нигеријката Есе Бруме (6,91).

Златото на трката на 1.500 метри му припадна на Кениецот Тимото Черјут (3.29,26 минути). Зад него завршија Алжирецот Тафук Махлуфи и Полјакот Марцин Левандовски.

Голем успех на трката на 10.000 метри забележа Џошуа Чептегеи од Уганда (26.48, 36 минути). Среброто му припадна на Келечеја од Етиопија, а бронзата на Кипруто од Кенија.

Scroll to Top