Иако пред само една недела се породи со својот втор син, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ покажа дека е во одлична форма со фотографија на прошетка во Чикаго, каде што живее со својот сопруг, поранешниот германски фудбалски ас Бастијан Швајнштајгер.
31-годишната поранешна гренд слем шампионка очигледно многу внимава да остане во физичка форма и по пензионирањето, покажувајќи на сончевиот ден дека нема ниту килограм вишок на себе.