Top Sport

Андерсон триумфално во Виена за да обезбеди место на АТП финалето

Кевин Андерсон стана првиот сингл тенисер од Јужна Африка кој се пласирал на елитното АТП финале по 23 години, откако со 6:3/7:6(3) го совлада Кеи Нишикори во финалето на Есте банк опен во Виена.

Со оваа победа, Андерсон се приклучува на Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Хуан Мартин дел Потро, Роџер Федерер и Александер Зверев на елитниот турнир на кој настапуваат најдобрите осум во една календарска година од 11 до 18 ноември во „О2 арената“ во Лондон. Последните две места ќе се одлучат на Мастерсот во Париз следната недела.

Андерсон оваа сезона играше во своето второ гренд слем финале, губејќи од Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, а ја освои и својата четврта титула во кариерата во февруари на Њујорк опен за првпат да заврши една календарска година во топ 10 на АТП листата. Со 32 години и 6 месеци, Андерсон е четврти најстар тенисер кој дебитира на АТП финалето.

Фото: ЕПА

Scroll to Top