Top Sport

Анисимова и Сабаленка во финалето на Ју-ес опен

Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД.

Американската тенисерка, чии родители емигрираа од Русија, беше подобра од Наоми Осака во полуфиналето, откако претходно и се одмазди на Иги Швонтек за убедливиот пораз во финалето на Вимблдон.

Анисимова ја доби Јапонката по три часа игра и пресврти со резултат 6:7(4), 7:6(3), 6:3.

Најинтересниот дел од натпреварот беше вториот сет, во кој Анисимова (која веќе заостануваше во сетови), три пати ја испушти брејк предноста, но успеа да го добие сетот во тај-брејкот, а потоа го доби третиот сет без поголеми проблеми.

Во второто полуфинале, Арина Сабаленка беше подобра од Џесика Пегула со идентичен резултат (2:1). Како и Анисимова, и таа мораше да триумфира псо пресврт, но за еден час помалку поминат на теренот (4:6, 6:3, 6:4).

Анисимова и Сабаленка досега се сретнале девет пати, а Американката победила во шест наврати. За прв пат, таа ќе има можност да игра во финалето пред домашната публика на последниот Гренд слем во сезоната и да стигне до својот седми триумф.

Финалето е закажано за сабота во 22 часот.

Foto/ EPA

Scroll to Top