Top Sport

АО ќе се игра од 8. до 21.февруари

Светската тениска асоцијација (АТП), го објави календарот за првите два месеци во новата сезона. Поради пандемијата, во калнедарот има измени во однос на претходната сезона.

Сезоната во тенисот, традиционално започнува во Австралија. АТП го премести турнирот во Аделаида, а го откажа турнирот во Оукленд, на Нов Зеланд.

Два турнири ќе се одржат во Мелбурн од 31.јануари до 6.февруари.

Она што е најважно е дека официјално, првиот Гренд слем, Австралија опен, ќе се одржи три недели по вообичаениот термин од 8. до 21.февруари. Квалификациите за Австралија опен ќе се играат во Доха од 10. до 13.јануари.

Исто така, иако имаше најави дека нема да се одржи, АТП потврди дека АТП купот ќе се одржи. АТП купот, во скратено издание, ќе се игра од 1. до 5.февруари во Мелбурн .

Scroll to Top