Кеи Нишикори се спаси од елиминација уште во првото коло на Австралијан опен. Јапонецот се мачеше против Камил Мајжак од Полска. Јапонецот имаше негатива по првите два сета 3/6, 6/7, потоа се врати во мечот со 6/0, 6/2, а во решавачкиот сет при водство 3/0 Полјакот му го предаде мечот.
Уште два меча не беа одиграни до крај. Таро Даниел се пласира во второто коло откако Танаси Кокинакис му го предаде мечот, а истото се случи и Фабио Фињини на кого мечот му го предаде Шпанецот Хауме Мунар.
Останатите фаворити без проблеми ја минаа првата рунда на турнирот.
Александар Зверев, кој е четврти носител, во три сета (6/4, 6/1, 6/4), против Аљаз Бедене. Идентична победа, како и Зверев забележа Борна Чориќ против Стив Дарсис од Белгија. Хрватот славеше со 6/1, 6/4, 6/4.
Со максимален резултат првото коло го минаа Данил Медведев, Давид Гофан, Рајан Херисон, Денис Шаповалов, Лука Пуи.
За издвојување е и победата на ветеранот Иво Карловиќ над Хуберт Хуркаш. Хрватот вкупно сервираше 39 аса, а до победата стигна во четири сета. Сите сетови беа решени во тај-брејк. Хуркаш го доби првиот, а Карловиќ останатите три сета.