Најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс, по пуаза од две години се врати на Австралија опен и со победа стартуваше на првиот Гренд-слем во сезоната.
Серена, во првото коло, убедливо ја победи Германката Татјана Марија 6/0, 6/2. Серена во 2017 година победи во Мелбурн, а лани не настапи поради бременоста. Против Германката, која е 73. на ВТА листата, Серена работата ја заврши за 50 минути.
Во втората рунда таа ќе игра против Јуџини Бушар или Шуаи Пенг.
Сигурен старт на турнирот имаше и седмата носителка Каролина Плишкова. Тенисерката од Чешка ја победи сонародничката Каролина Мухова со 6/2, 6/3. Во втората рунда ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Бренгл и Дои.
Анастасија Севастова, 13. фаворитка на турнирот, во првата рунда ја победи Мона Бартел од Германија 6/3, 6/1.
Британката Џоана Конта по голема борба успеа да ја мине Австралијката Аља Томљановиќ. Конта првиот и третиот сет ги доби со 7/6, а Томљановиќ беше подобра во вториот 2/6.
Лесни победи во првата рунда забележаа и Медисон Киз, Елиз Мертенс и Анастасија Потапова.