Top Sport

АО: Третото коло го минаа Федерер, Циципас, Бердих, Димитров

Роџер Федерер, третиот носител на Австралија опен, на искуство го декласира Тејлор Фриц. Швајцарецот за 90 минути победи во три сета 6/2, 7/5, 6/2.

Статистиката најдобро ја покажува доминацијата на Федерер, кој имаше 33 директни поени и само 14 неизнудени грешки. Од друга страна 21-годишниот Фриц забележа 24 винери и 22 неизнудени грешки.

Федерер во наредната фаза ќе игра против Стефанос Циципас. Гркот го елиминира Грузиецот Николас Басилашвили. Циципас, 15. на АТП листата, победи во четири сета 6/3, 3/6, 7/6, 6/4.

Пласман во осмина-финалето избори и 57. на АТП листата, Чехот Томаш Бердих. Искусниот тенисер против 16.носител Диего Шварцман на теренот мина три часа и две минути и славеше со пресврт, во четири сета 5/7, 6/3, 7/5, 6/4.

Во наредното коло Бердих ќе игра против Рафаел Надал или Алекс де Минаур.

Осмина-финалето го мина и Бугаринот Григор Димитров. Бугарскиот тенисер со 3:0 (7/5, 6/4, 6/4) славеше во дуелот со Италијанецот Томас Фабијано.

Scroll to Top