Top Sport

АО: Венус Вилијамс и Слоун Стивенс елиминирани во првото коло

Сензационален почеток имаше Австралија опен во женска конкуренција, откако во првото коло од турнирот се прости минатогодишната финалситка и петта носителка Венус Вилијамс.

Белинда Бенчиќ ја шокира постарата од сестрите Вилијамс во арената „Род Лејвер“. Швајцарката за 115 минути игра победи со 6:3, 7:5.

„Вистина е дека сакав да имам полесна ждрепка. Од неа претходно загубив четири пати и знаев дека мора да игра мајдобро за да можам да ја победам. На почетокот правев некои грешки, но верував во себе и тоа се испалтеше“, рекла 77.тенисерка на ВТА листата.

Во второто коло Бенчиќ ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Кумкум и Ларсон.

Покрај Венус шокантна елиминација доживеа и нејзината сонародничка Слоун Стивенс. Американката која е актуелна шампионка на Отвореното првенство на САД загуби од 35. на ВТА листата, Кинеската Шуаи Женг во три сета (2:6, 7:6, 6:2).

Интересно Стивен од победата во Њујорк, кога ја освои својата прва Гренд слем титула на ниту еден турни потоа не успеа да го мине првото коло.

Scroll to Top