Аргентинскиот тенисер Николас Кикер е виновен за местење на мечеви, а казната дополнително ќе му биде одредена.
Кикер наместил два меча, на челинџер турнирот во Падова во јуни 2015 година и на челинџерот во Баранкиља во септември истата година.
Аргентинецот е виновен и бидејќи не и пријавил на Единицата за интегритет во тенисот, дека му било понудено да ги намести мечевите.
Казната дополниетлно ќе му биде одредена, а дотогаш 25-годишниот Аргентинец нема да може да се натпреварува.
Кикер, во моментов се наоѓа на 84.место на АТП листата, на почетокот на годината играше во третото коло на Австралија опен, а најдобар пласман во кариерата му е 78.место, во јуни 2017 година.
Аргентинецот е најдобро рангиран тенисер што учествувал во местење на тениски мечеви.